СДСМ: На централно и локално ниво се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран

Од:

„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ остави тешки последици што и денес се чувствуваат.

За разлика од таквиот неодговорен однос кон здравјето на граѓаните, денес сите надлежни институции на централно и локално ниво секојдневно преземаат активности за справување со загадениот воздух.

Во текот на вчерашниот ден, градинките во општина Бутел добија осум прочистувачи на воздух за просториите во кои се згрижени најмалите, а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28 прочистувачи на воздух. Претходно беа набавени 1.700 висококвалитетни садници за дворовите на повеќе градинки низ државата.

Подрачното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче го замени стариот нееколошки начин на затоплување на нафта со нов еколошки енергенс на пелети. Училиштето коешто до неодамна трошело 20 тона нафта за греење, отсега ќе има еколошки начин на греење кое нема да загадува и кое ќе ги намали и трошоците за затоплување. Се очекува, наскоро повеќе училишта, градинки и студентски домови да го следат овој пример и да го напуштат стариот, скап и нееколошки начин на загревање со нафта.

Јавното претпријатије Водовод и канализација за првпат постави автоматска решетка за отпад, којашто ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води со што ќе се намалат отпадоците создржани во отпадните води кои завршуваат во реката Вардар и ќе помогне да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.

Паралелно со ова, континуирано се чистат коритата на реките и каналите од наноси на ѓубре и цврст отпад, а постојано се расчистуваат и диви депонии низ целата држава.

Се обновува уништеното и се подига ново зеленило, а се уште трае и субвенционирањето на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети за домаќинства, за што Владата предводена од СДСМ занчително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка од 17 на 21 милион денари.

Се презема и серија други мерки преку здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија