(ВИДЕО) СДСМ: МВР да каже како се издадени лични карти за 74 лица во еден стан во општина Центар

Од:

По трет пат го прашуваме МВР кој и кога од СВР Скопје, согласно законските процедури извршил контрола и констатирал дека на повеќе адреси во скопската општина Центар има новодоселени по триесетина па дури и над 70 лица во еден стан, рече на денешната прес конференција потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

-По трет пат го поставуваме истото прашање и се надеваме дека овој пат конечно ќе добиеме одговор од надлежната институција. Согласно законските процедури, при промена на местото на живеење граѓаните на Македонија се дожни овие промени да ги евидентираат и во своите лични документи.

Пред да се издаде лична карта со нова адреса на живеење, МВР врши контрола на лице место со цел да се увери во веродостојноста на пријавените промени од страна на граѓаните. Без ништо да прејудицираме, го прашуваме МВР кој и кога од СВР Скопје, согласно законските процедури извршил контрола и констатирал дека на ул. Максим Горки 11/1-2 живеат најмалку 74 новодоселени лица; на ул. Димитрие Чуповски 20/1 живеат најмалку 37 новодоселени лица; на ул. Васил Ѓоргов 23/2-27 живеат најмалку 31 новодоселено лице; на ул. Стале Попов 9-1/58 живеат најмалку 31 новодоселено лице; на ул. Даме Груев 1/4-2 живеат најмалку 30 новодоселени лица; на ул. Киро Крстевски – Платник 11/1-3 живеат најмалку 29 новодоселени лица, на ул. Стале Попов 9/2-15 живеат најмалку 17 новодоселени лица; на ул. Стале Попов 9/2-43 живеат најмалку 4 новодоселени лица; на ул. Стале Попов 9/2-44 живеат најмалку 9 новодоселени лица; на ул. Стале Попов 9/2-7 живеат најмалку 5 новодоселени лица или вкупно на ул. Стале Попов 9 влез 2 новодоселени 35 лица; на ул. Френклин Рузвелт 64/1-3 живеат најмалку 20 новодоселени лица; на ул. Петар Поп Арсов 36-а живеат најмалку 18 новодоселени лица; на бул. Илинден 63/1 живеат најмалку 13 новодоселени лица; на ул. Димче Мирчев 8 живеат најмалку 11 новодоселени лица… Искрено се надеваме дека овој пат наместо ДПМНЕ, одговор ќе ни даде МВР, со оглед на тоа што се работи за информација за која единствено и директно би требало да надлежно министерството, а не партијата на власт. Оваа информација е особено важна и во однос на понатамошниот развој на демократските процеси во Македонија-вели Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните