СДСМ: Морбидното ВМРО-ДПМНЕ да престане да злоупотребува човечки трагедии

Од:

„Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели.

Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.

Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.

Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.

Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на истата.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната