СДСМ: Модерни патишта ќе изгради новата влада

Од:

Македонија ќе добие модерни европски безбедни автопатишта. Тоа ќе го овозможи новата одговорна влада на граѓаните на Македонија, се наведува во пишаната реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија ќе добие модерни европски безбедни автопатишта. Тоа ќе го овозможи новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Граѓаните знаат дека во Планот за живот СДСМ се обврза на инвестиции од 600 милиони евра во првите две години за изградба на патишта и тоа е една од причините зошто големото мнозинство граѓани избра промени.

Слушнаа граѓаните од проектот Вистината за Македонија како лично Никола Груевски со Миле Јанакески договарал криминални провизии од 25 милиони евра за изградба на само еден автопат.
Граѓаните не сакаат повеќе нивните животи да бидат заложници на криминални власти за тендер интереси.

Тоа треба да е веќе јасно за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ на кои лажните вести повеќе не им поминуваат.

Доаѓа ново време, на одговорни политичари и реални политики што ќе приднесат за квалитетен живот во Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски