СДСМ: Мнозинството ќе влезе поодлучно во реализација на изборот на граѓаните

Од:

„Република Македонија е парламентарна демократија.

Постои парламемтарно мнозинство од 67 пратеници и тие имаат право и должност да ги изберат новиот собраниски претседател и новата Влада.

Парламентарното мнозинство е избрано од 700.000 граѓани на кредибилни избори. Тоа е претставник на народот. Не Никола Груевски. Не ВМРО-ДПМНЕ, кои се веќе опозиција.

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се должни да обезбедат здрав разум и продолжување на демократските процеси, наместо да го бранат насилството на Груевски кое му треба за заштина на криминалите и од одговорност.

Груевски не е фактор. Мнозинството граѓани се фактор.

Тие ќе влезат поодлучно во обврската да обезбедат добро за сите, во економијата, општеството, во унитарна Македонија.

Нема договор со криминалци и нема амнестија, како што сака да ги постави работите Никола Груевски.

Ќе има промени и нова реформска Влада. Тоа многу брзо ќе се случи согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија“ стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски