СДСМ: Мизрахи го крши Уставот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат членството во НАТО и ЕУ

Од:

„Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор.

Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа“, велат од СДСМ.

„Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ.

Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.

Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси.

Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?