СДСМ: Миноски итно да ги откаже аукциите, влегува во нови незаконски дела

Од:

Кирил Миноски додека се подготвува кривично да одговара за незаконски издадената 450-милионска обврзница, итно да ги откаже аукциите на домашниот пазар на капитал.

Самото одржување на аукција на домашниот пазар на капитал во текот на вчерашниот ден е потврда дека власта на Никола Груевски не може да функционира без нови задолжувања.

Малку им беа 450-те милиони евра со коишто ги задолжија граѓаните преку еврообврзницата, па уште Груевски преку Миноски вчера ги задолжи граѓаните со нови 9.26 милиони евра на домашниот пазар.

Го потсетуваме Миноски дека пред Управниот Суд на Р.Македонија сеуште се води постапка за законитоста на сите домашни аукции на државни хартии од вредност одржани од почетокот на 2016 година!

Управниот Суд мора да донесе одлука по тужбата за постапката по којашто се одржуваат аукциите на државни хартии од вредност, соопштуваат од СДСМ.

Миноски влегува во нови незаконски дела!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО