СДСМ: МО да одговори дали со пари од граѓаните Јолевски бил на средбата со Рохрабакер!

Од:

„Порачуваме дека Министерството за одбрана е должно да каже дали со пари на граѓаните е платена посетата на Зоран Јолевски на САД! Таа посета, при којашто Јолевски се сретна со американскиот конгресмен Дејна Рохрабакер, кој ја даде контроверзната изјава за распад и поделба на Македонија!

Ако според официјалните информации, посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети?

Министерството за одбрана го избегна одговорот на ова прашање. Дали тоа значи дека признава дека посочената посета на Јолевски на САД е платена со пари од граѓаните?!

“Приватниот дел“ на посетата на министерот за одбрана Јолевски упатува дека тој од позиција на министер лобирал и за партиски интереси.

Не смее пари од Буџетот да се користат за партиски активности!

Ако посетата на Јолевски е платена со пари од граѓаните, тогаш Министерството за одбрана е должно да каже и со кој друг се сретнал Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби? Дали јавноста во Македонија треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски?

Преклопувањето на државни со приватни агенди, како оваа, е уште еден пример на партизацијата на државните институции во десетогодишното несовесно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за што ќе има одговорност.

Граѓаните затоа избраа промени. И затоа мора да има нова одговорна Влада којашто ќе обезбеди независни институции и стабилност на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски