СДСМ: Министерството за култура се сведе на „По свадба – тапани“

Од:

Советот за култура при СДСМ најостро реагира на континуираната негрижа за културното наследство и бара одговорност од највисоките структури во Министерството на култура и Управата за културно наследство.

„Најновото опожарување на манастирскиот комплекс Трескавец уште еднаш, во серијата немили настани во кои е уништено или загрозено културното богатство на земјата, покажува дека негрижата е системска и дека е производ на погрешните приоритети и несоодветните политики на актуелната власт, разоткривајќи ја нивната инфериорност да ја препознаат важноста на културното наследство и да овозможат соодветна заштита, согласно законските норми и пропишаните стандарди.

– Надлежните државни и црковни институции не смеат грижата за културното наследство во македонските манастири да ја остават единствено на личната жртва на монасите, на домаќините и на другите лица што случајно ќе се затекнат во црковните конаци. Со овој немарен однос беше загрозен Манастирот Трескавец, изграден  во 13 век и со фрески датирани во 14 век. Во манастирот постојат две крила од врата во плитка резба и кралски двери датирани во 16 век. Значајни се иконите со претстави на Апостолите од 17 и 18 век.

– Пожарите во манастирите, кражбите на икони, оставањето без реставрација и конзервација на најзначајните споменици на светското културно наследство кое го поседува Македонија само укажува на неспособноста на Министерството на култура и Управата за културно наследство да го заштити она што претставува базичен дел од нашиот културен идентитет.

– Советот за култура ја поздравува акцијата за брзо надоместување на штетите во манастирот, но Министерството за култура не смее да се сведе на орган што ќе работи по теркот на народната „По свадба тапани“. Колку што е важно да се врати стариот сјај на Трескавец, уште поважно е веќе да не се дозволи таква ситуација да се повтори.

– Затоа, Советот за култура апелира Управата да изработи итен план за санација и конзервација на најзагрозените објекти и споменици на културата и безусловно да го спроведе.

– Во однос на секојдневното користење на културното наследство, да ги примени најстрогите професионални стандарди и континуирано да ја следи неговата состојба.

– Да потсетиме, пред само дваесет дена, исто така како резултат на негрижа на државните институции и несоодветен систем на заштита во друг пожар беше пеплосан и неповратно уништен муралот, ремек-дело на еден од основоположниците на македонската современа уметност Борко Лазески“, се вели во соопштението на Советот за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните