СДСМ: Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски

Од:

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски. Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд, велат од СДСМ.

– Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски. Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика. Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле исправни, туку и го трасирале вистинитиот реформски пат, според европските стандарди. Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Стратегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски