СДСМ: Мицкоски, волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка

Од:

„Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за пустошот што криминалното владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ го остави во Македонија.

Не собра храброст ниту да ја поздрави позитивната вест за земјава, дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред.

Како што можеше целата јавност да види Мицкоски го бранеше штетното делување на Иванов и не го осуди ниту насилството, говорот на омраза и провокациите кон граѓаните, новинарите, полицајци и етничките заедници.

Тоа тивко шурување со оние кои подгреваат поделби меѓу граѓаните, конфликти и националистички активности го става и ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на страната на деструктивните сили.

Тоа е слика за очаен политичар кој по секоја цена самиот си ја презел улогата да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Збунетиот Мицкоски во интервјуто не знаеше дали ВМРО-ДПМНЕ е прва или втора партијата во опозиција, па дури и поставуваше прашања на новинарката, наместо да одговара на оние што му беа поставени.

Тоа говори за една конфузија, за немање аргументи, за целосна отсутност на чувство за потребите на државата, нејзиниот интерес и интересот на граѓаните.

Конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата како полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш!

Тоа не е капитулација туку значаен, историски успех за народ кој што бил негиран и оспоруван.

Македонскиот идентитет не беше „стекнато право„ како што сега тврди Мицкоски. Дури и неговиот претходник, Никола Груевски, во повеќе јавни настапи тврдеше дека Грција никогаш нема да прифати македонски јазик и македонска нација. Договорот токму тоа го обезбедува.

Мицкоски, граѓаните ќе го имаат последниот збор. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка!“, се вели во соопштението на СДСМ, реакција на јавно изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он