СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за најважните прашања за државата

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за рефереднумот, немаат јасен став за најважните прашања за државата и граѓаните.

Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го изберат патот по кој ќе се движи државата во иднина а сега кога референдумот е извесност немаат јасен став.

Тоа говори за несериозниот, неодговорен однос на оваа опозициона партија и нејзиното раководство кон граѓаните и иднината на државата.

ЕУ и НАТО се нашата иднина. Секој што е за просперитетна иднина, со зачуван и зајакнат идентитет ќе го поддржи рефереднумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Време е Мицкоскли да докаже на дело за што е. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност.

Граѓаните нема да дозволат однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја закочи македонската иднина.

На 30 септември, граѓаните, слободно и достоинствено на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат