А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Мицкоски треба да го повика Груевски на одговорност, без тоа најавата на ВМРО-ДПМНЕ значи лето за одбрана на криминалот

by А1он10/07/2018 - 17:4586
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ВМРО ДПМНЕ имаа единаесет години да ја донесат Македонија на вистинскиот пат кон членство во ЕУ и НАТО. Но наместо да се грижат за интересите на граѓаните и државата, тие единствено се грижеа за криминалот и личното богатење на поединци во врвот на оваа партија.

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ се сети дека треба да им се обрати на граѓаните, но без јасно дистанцирање од криминалот, без извинување за катастрофата и последиците што ги остави нивното 11 годишно погрешно, криминално владеење, денешната најава е лажна, провидна и неискрена.

Мицкоски треба да го повика својот претходник, Никола Груевски, на одговороност и да им се извини на граѓаните. Без тоа, денешната најава на ВМРО-ДПМНЕ значи лето за одбрана на криминалот, и ништо повеќе.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ заедно со граѓаните, гради држава по европски правила со сигурна иднина, владеење на правото, раст на економијата, повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Граѓаните нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Правда за сите и расчистување на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ е државен интерес, секој да одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка.

НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео