СДСМ: Мицкоски свесно ги крши забраните, ја злоупотребува полицијата и работи на штета на граѓаните

Од:

„Скандалозното и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски ја отсликува матрицата на ВМРО ДПМНЕ, каде што ништо не е сменето и единствената идеологија е да се работи за личен интерес и да се наштети на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од партијата обвинуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побарал структури на техничкиот министер на МВР , Наќе Чулев да му помогнат да го „сокрие делото“ за време на престојот во скопскиот ресторан.

„По барање на Мицкоски и наредба на Чулев, униформирани полицијаци дошле до ресторанот во обид да го спасат Мицкоски од одговорност. Заедно со сопственикот лажеле дека снимачот од безбедноснте камери на кои е регистрирано присуството на Мицкоски е украден, но при претресот снимачот бил пронајден“, велат од партијата.

Од СДСМ прашуваат дали со Мицкоски на иста маса седел и Ален Зекиров, познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и лице на кое му се судело за тоа што прегазил човек. Дали на истата маса со Мицкоски седел и поранешен директор на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање?, како и што толку важно разговарале и од што се криеле среде Скопје?

„За ваквото однесување на Мицкоски, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во борба против коронавирусот“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби