СДСМ: Мицкоски се уште има време да го повика членството да гласа ЗА европска Македонија

Од:

„Разногласието и отсутството на одговорност во клучни моменти за државата го ставија на тезга деструктивното делување на ВМРО ДПМНЕ за најважното прашање за иднината на државата.

ВМРО ДПМНЕ не само што продолжува со ширење на невистинити и лажни вести , туку почна да зборува бесмислици за јавно објавен договор што го зајакнува македонскиот идентитет и го расчистува патот кон членство во ЕУ и НАТО.

Договорот со Грција го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, го официјализира македонскиот јазик и македонската посебност и тие се признати од целиот свет, вклучително и од Грција. Толку ли му пречи тоа на ВМРО-ДПМНЕ па продолжува да шири измислици?

Целосно бесмислени се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.

Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност. Согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата, а ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија.

На една недела до референдумот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат уште време да го напуштат деструктивното делување, да се приклучат кон процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат доволно време да изградат јасен став, да покажат одговорност и да го повикаат членството да излезе на референдумот и да гласа ЗА европска Македонија!“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа