СДСМ: Мицкоски се сведе на портпарол на Бачев

Од:

„Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портапол на Јанко Банчев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ.

Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ.

Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата, парламентарното мнозинство и прогресивните сили кои сакаат Македонија да оди напред, да биде членка на ЕУ и НАТО.

Антизападниот пион, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ.

Ама граѓаните се поголеми од него, од неговата омраза, од неговите поделби, од неговите црнила.

Македонија е далеку поголема од антизападните маргиналци како Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија ќе продолжи да оди напред, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Христијан Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија