СДСМ: Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеа против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радува и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност.

Без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември.

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата.

СДСМ и Коалицијата што ја предводи се фаворите на предвремените избори, на 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата е на прав пат!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“