СДСМ: Мицкоски се откажа од протести, нема поддршка од граѓаните

Од:

„Христијан Мицкоски се откажа од долго најавуваните протести уште од почетокот на годината, со што призна дека нема поддршка за граѓаните. Катастрофалната работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е сигурно една од причините. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, најслаби градоначалници во историјата, за неколку месеци не сработија буквално ништо. Немаат ниту еден реализиран проект а парите на граѓаните расипнички ги трошат само за луксузирање и партиски вработувања“, соопшти СДСМ.

„Мицкоски не собра храброст да ги повика градоначалниците од неговата партија да се фатат за работа и да престанат да аздисуваат со парите на граѓаните среде криза.

Дополнително, по признанијата и пресудите во предметот Титаник, со коишто беше потврден целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните, да се огради и да поднесе оставка.

Очигледно Мицкоски ниту самиот не знае кај тера“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски