СДСМ: Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ

Од:

„Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови.

Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ“, велат СДСМ.

„Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.

Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија