СДСМ: Мицкоски се фали со туѓи инвестиции, а не може да ги реализира целосно

Од:

Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата. Мицкоски се фали со туѓи инвестиции, а не може да ги реализира целосно. Инвестицијата на „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ја намали вредноста на инвестицијата за 5 милиони евра и успеа да го преполови бројот на планирани работни места. Наместо амбициозен проект што ќе донесе стабилни приходи и нови можности за граѓаните на Битола и регионот, новата влада успеа да ги предомисли инвеститорите и ги стави интересите на граѓаните во втор план. Додека СДСМ водеше економски политики кои создаваа услови за реализација на нови странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ само во првите неколку месеци од своето владеење покажа дека економијата ќе ја втурне во провалија.

Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во односот кон странските инвестиции не е само прашање на бројки, туку на стратегија и визија за економскиот развој на државата. СДСМ создаде систем што беше привлечен за инвеститорите, поставувајќи ги условите за транспарентно работење, стабилни институции и поддршка за долгорочни инвестиции што носат стабилни работни места и придонесуваат за растот на економијата. Владата на СДСМ ја осигури довербата на странските инвеститори и со тоа ги зајакна позициите на македонската економија на меѓународната сцена.

Од друга страна, новата влада под водство на Мицкоски покажува сериозен недостаток на способност да ги задржи и реализира овие инвестиции. Наместо да ги унапредува постигнатите односи со странските партнери и да вложува во нови економски иницијативи, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се намалува бројот на работни места и износот на инвестиции, кои веќе беа договорени“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски