СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Од:

Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството. Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители, велат од СДСМ.

„Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега. Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената