СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен.

Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните“, велат од СДСМ.

„Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец, по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Ана Ололовска

СДСМ: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо

Ана Ололовска

СДСМ: После сите скандали Милошоски да си даде оставка

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани

СДСМ: Срамна е хајката која ВМРО-ДПМНЕ преку Ковачки ја води против Петровска