СДСМ: Мицкоски продолжува по стапките на Груевски и делува против интересите на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео-обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски, делува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси.

Видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира влада. Откако не успеа, денеска законот го користи единствено како изговор за блокада на реформскиот процес.

Очигледно кога зборува за некакви политички концесии Мицкоски мисли на концесиите што му ги оставил токму Никола Груевски.

Наместо промовирање на политиките на поделби коишто граѓаните ги поразија, Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во партија којашто ќе дефинира соодветен начин на политичко делување во интерес на граѓаните и државата.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес е на сите граѓани. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна, демократска држава и се гради како едно општество на еднакви граѓани.

Концептот едно општество за сите е концепт за иднината на Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ