СДСМ: Мицкоски призна, со помош на Чулев вршел притисок врз вработени за истрага што се води против него

Од:

„Без срам Христијан Мицкоски призна дека праќал пораки и телефонски се слушал со вработени во МВР кои воделе истрага во која самиот тој е предмет. Ова, според сопствено признание, Мицкоски го сторил со директна помош од техничкиот министер Наќе Чулев. По кој закон и по кој правилник Чулев му дал на Мицкоски телефонски број од помошник министер во МВР за тој да врши притисоци за истрага која се води за него? Дали Чулев на сите лица против кои се водат истраги им дава телефонски броеви од лица од МВР кои ги водат истрагите, наместо да го штити нивниот професионален интегритет? На овој начин Мицкоски и Чулев ги прекршиле законите, затоа што на секој граѓанин, па дури и претпоставено лице во институција забрането му е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај“, пишува во соопштението на СДСМ.

„Ова е класично однесување по режимската матрица од времињата која ВМРО-ДПМНЕ го претвори МВР во МВРО-ВМРО, но тој филм Мицкоски нема да го гледа. Времето кога со телефонски повици од белиот дворец се покренуваа или прекинуваа истраги, се монтираа случаи и се диктираа пресуди, завшри. СДСМ, граѓаните, јавноста нема да дозволат враќање на ВМРО-ВМРО. Режим – никогаш повеќе!“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!