СДСМ: Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за истрагата против него

Од:
„Христијан Мицкоски праќал пораки и се јавувал по телефон кај вработени во Министерството за внатрешни работи за да врши притисок за истрагата за неговата посета на фитнес центар во време кога нивното работење е забрането. Тоа, Мицкоски не само што го призна туку и јавно се пофали дека го сторил тоа и ќе го сторел и повторно ако требало“, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.
Од партијата прашуваат по кој закон, „со какви овластувања пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски се јавувал кај службени лица за да интервенира за истрага во која токму тој е предмет?“
„Секому му е јасно дека кој било граѓанин, па дури и претпоставено лице, а најмалку претседател на политичка партија, забрането е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај. Техничкиот министер Наќе Отсјај наместо да му го посочи тоа на Мицкоски, постапил сосема спротивно па дури му обезбедил и телефонски број од службеното лица со што му помогнал на Мицкоски во вршењето притисоци“, велат од партијата, додавајќи дека се очекува од Обвинителството по допрен глас да отвори истрага за „ваквото незрело, несериозно, но пред се незаконско дејствување на Мицкоски и Чулев“.
„Истовремено, јавноста очекува епилог и од истрагата за посетата на Мицкоски на теретаната и истата да ги даде одговорите на сите досега поставени прашања“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски