СДСМ: Мицкоски прифати уставни измени и сега дијалогот треба да продолжи

Од:

„Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени. Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени“, соопшти СДСМ.

„Сега дијалогот треба да продолжи, сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат.

Потребно е широко обединување за интеграција на државата.

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел.

Оваа одлука не е заради моментален полиитчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани, кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема