СДСМ: Мицкоски преку Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката Петровска

Од:

„Христијан Мицкоски, очаен и фрустриран што државата предводена од СДСМ оди напред, преку дезертерот Драган Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката за одбрана Славјанка Петровска“, велат од СДСМ.

„Со лични навреди и обиди за дискредитација, сеење дезинформации и ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.

Мицкоски за вакви грозни и непримерени манипулации го избра дезертерот Драган Ковачки, кој ја посрамотил униформата на АРМ и го одработува за Белата палата, она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши и плука, да шири лаги и невистини.

Вистината и фактите ги демантираат лагите на Ковачки, за пласираните невистини следуваат тужби и судска разрешница.

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го дефокусира вниманието на јавноста од своите промашени и пропаднати политики, блокади и опструкции.

Мицкоски три години зборува само за предвремени избори, му пропаднаа сите обиди за формирање ново парламентарно мнозинство, ниту со насилни проести и лаги не успеа да ја загрози европската иднина на државата, не се ни израдува на членството во НАТО.

Падна во заложништво на Левица и Апасиев, во обидите да го попречи напредокот на државата.

Мицкоски останува антиЕУ и антиНАТО политичар, кому фотелјата му е пред интересите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема