СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум

Од:

Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји. Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%, велат од СДСМ.

„До летната сезона во 2024 година комплетно се заврши реконструкцијата на патот од Св. Наум до пред селото Пештани и заради туристичката сезона имаше мал прекин на работите. Претходно, во 2019 година беше започната и завршена реконструкција на патот од бензиската Билјанини извори до с. Коњско.

Дополнително и цела Туристичка како главна магистрална трансверзала во градот во должина од 5,6 км по 60 години беше реконструирана исто така од страна на СДСМ. Токму во време на СДСМ беа рехабилитирани и обновени и патните правци кон граничните премини Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Меџитлија.

Ја поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ? Кога ќе промовира Мицкоски некој проект од неговата Влада? Или тоа не може да се случи затоа што таков проект нема, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната