СДСМ: Мицкоски потфрли во единствената задача што ја имаше, да ги одбрани криминалците

Од:

Нервозата кај Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта. Затоа секојдневно шират лажни вести, невистини и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници велат во соопштение од СДСМ.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев, не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков. Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а сега ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи. Христијан Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски