СДСМ: Мицкоски пласира тешки лаги и ги поткопува нашите државни позиции

Од:

Христијан Мицкоски пласира тешки лаги во јавноста и ги поткопува нашите државни позиции секогаш кога државата се наоѓа во период кој е од важност за нашата европска интеграција, за нашата иднина. Така беше и кон крајот на минатата година така е и денес велат во соопштение од СДСМ.

– Наместо да застане на страната на граѓаните, на страната на државните интереси, Мицкоски пласира груби лаги, манипулативни конструкции, шпекулации, си поигрува со чувствата на граѓаните, правејќи штета на процесите. Во име на Мицкоски, Антонио Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, осуден во Германија, против кого се водат предмети пред македонските судови, вчера пласираше невистини и тоа е доволен доказ за нивните нечесни намери. Вистината е сосема различна. Изјавите на Милошоски кажани преку Мицкоски се апсолутно неточни. За македонскиот јазик и идентитет ниту се разговарало, ниту ќе се разговара, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски