СДСМ: Мицкоски отворено ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина

Од:

„Христијан Мицкоски во скандалозна изјава ги оправда сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина. Според Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале „статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи, Ковачевски, Пендаровски и „слава Украини“, соопшти СДСМ.

„Оправдувањето на агресијата врз Украина е неодгорна, недржавничка и нехумана.

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски повторно ги дели македонските граѓани.

Затоа ли Мицкоски не кажува ништо за ставовите на неговиот коалициски партнер, Димитар Апасиев и Левица, кои цврсто стојат зад агресијата врз Украина па дури го користат и речникот на Путин?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата