СДСМ: Мицкоски отчет треба да даде за Титаник и да поднесе оставка

Од:

„Откако поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели, единствен отчет што треба да го даде Христијан Мицкоски е отчет за предметот Титаник. Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека постапувале незаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи“, соопшти СДСМ.

„Со нивното признание се потврди се она што беше објавено во Вистината за Македонија се потврди дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

По сето ова Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да си поднесе оставка а ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите.

Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со исти луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николовски, Антонио Милошоски…

Апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозиција. Правдата конечно мора да надвладее“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата