СДСМ: Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот на Груевски

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против правната држава и владеењето на правото.

Пионот Христијан Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски и затоа е посветен само на одбрана на неговиот криминал.

Јавноста дозна дека и шемите за хридроцентралите пионот Мицкоски ги правел токму со неговиот ментор Никола Груевски.

Денешниот јавен настап и речникот на портпаролот на антизападното ВМРО-ДПМНЕ говорат за очајот во којшто се наоѓа антинародното раководство и покажува од каде ги црпат своите инспирации полни со гнев, омраза и невистина, целосно отсустни од реалноста.

Времето на политички притисоци врз судството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Македонија денес е правна држава, со независни судски институции а законите важат за сите подеднакво.

За секој оној за кој во законска и транспарентна судска постапка, се докажало дека ги прекршил законите врз основа на што има правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност.

Владеењето на правото е неприкосновено. Правда мора да има. Никој не е над законот ниту над правдата“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски