СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешното видео обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести.

Случајот за коj што зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.

Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски.

Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.

Личните фрустрации на Мицкоски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ и нејзините одлични резултати за краток период, наспроти криминалното вледеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до израз.

Впрочем, самиот Мицкоски се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, неместени тендери.Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба прво да си расчити со криминалот во своите редови а не да измислува таму каде што не постои“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски