СДСМ: Мицкоски нема кандидати за градоначалници на голем број општини, никој не се нафаќа да се кандидира за губитничка партија

Од:

„На неколку денови пред крајниот рок за поднесување кандидатури, Христијан Мицкоски се уште нема кандидати за градоначалници за голем број важни општини“, велат од СДСМ.

„Очигледно е дека никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Секому му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги чека нов пораз на изборите, па затоа имаат проблем да најдат кандидати, затоа се почесто се шират информации за раскол и тензии во голем број општински комитети.

Деструкции, лажни вести, неодговорно постапување е сето она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го нудат целиот овој период. Затоа на 17 октомври ги чека нов пораз, кога граѓаните повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води кон развој интеграција и напредок“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби