СДСМ: Мицкоски нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец

Од:

Од СДСМ преку соопштение му порачуваат на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека пред него претстои седми изборен пораз, по кој тој треба да си замине од политиката.

„Ако некој треба да ги спакува куферите и да се збогува со политиката, тоа е Христијан Мицкоски, докажан губитник на повеќе различни изборни циклуси. Шест пати по ред Мицкоски губи во директно соочување со граѓаните. Бидејќи шест пати досега губи и народот му вели НЕ, а тој ниту еднаш не се спакува да си оди од политиката, сега на седмиот изборен пораз, нека спакува 7 куфери за среќа, затоа што многу ќе му треба. По овој 7- ми по ред, лото-пораз од граѓаните веројатно веќе нема да го примат ниту во Белиот дворец. Во 2017 Мицкоски како носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје загуби убедливо на локалните избори. Во 2018 беше поразен на референдумот. Во 2019 на претседателските избори Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. И на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, истата 2019 година Мицкоски беше поразен. Во 2020 Мицкоски прво ги загуби парламентарните избори на 15 јули. Потоа и предвремените локални избори во Штип на 13 декември ги загуби Мицкоски. Тоа е досегашниот учинок на докажаниот губитник Мицкоски кого го очекува нов, седми лото пораз по кој дефинитивно ќе мора да си ги спакува куферите“, се наведува во соопштениеото на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори