СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Од:

Уште само 16 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите. 16 дена до ново неисполнето ветување. 16 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. По признанието на Мицкоски дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата на СДСМ, следеа признанијата на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа и на претседателката Сиљановска дека темата за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет е завршена работа (апсолвирана), велат од СДСМ.

– Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само неколку точки, делумно. Сега, за неколку дена треба да се завршат останатите.
Тоа не е реформа. Тоа е лага. Сега повторно посегнаа по пропаганда за малцинствата, како што беше лагата за името и Преспанскиот договор, ВМРО-ОКГ спроведува кампања против опозицијата дека таа ги стопира реформите. Мицкоски има мнозинство во Собранието. Реформите може сам да ги спроведе. Доказ за тоа е укинувањето на Техничката влада, без СДСМ, без консензус и без меѓународниот фактор.

Нема повеќе лаги. Сè излезе на виделина. Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака Европа, бидејќи Европа носи независно судство, а тој и неговата банда не сакаат ни независно, ни Европско јавно обвинителство. Затоа не сака да се внесат малцинствата во Уставот, што е европско, а не бугарско прашање. Затоа секојдневно продолжува со лаги и бара алиби за неисполнување на условите од ЕУ. Зашто тоа би значело правда и крај на неговата криминална заштита. Наместо европски пат – изолација. Наместо реформи – нови лаги и нови одложувања. 16 дена се доволни за да се види вистината. Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола и без одговорност. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија