СДСМ: Мицкоски не покажа никаков доказ дека бил во Виена, нека одговори дали се сретнал со Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски не објави слика, никаков доказ околу неговата наводна посета на Виена. Но затоа, неговата ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој бил во Будимпешта на „транзитно“ патување.

Го охрабруваме Мицкоски да објави барем една фотографија од неговата посета на Виена.

Ако тоа не можно, тогаш Мицкоски нека го искористи периодот додека шета и шири лажни вести низ државата да одговори дали во Будимпешта се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

Да одговори Мицкоски дали пред почетокот на кампањата барал совети за неговата кандидатка Силјановска.

Доби ли Мицкоски насоки од Груевски за деструктивно и антидржавно делување?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски