СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека во тек е масовна имунизација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата шират лажни вести, дезинформации, прават опструкции, се обидуваат да го поткопуваат здравствениот систем. Во Белата палата не можат да се помират со тоа што во државата тече процес на масовна имунизација против коронавирусот се вели во писмената реакција од СДСМ на ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за имунизацијата во земјава.

„На почетокот на пандемијата ја лажеа јавноста дека немало доволно тестови, ги кочеа средствата од Светска Банка наменети за инвестиции во здравствениот систем и модуларни болници, Мицкоски јавно ги прекршуваше мерките за заштита, Вело Марковски тврдеше дека вирусот не постои, а Наќе Чулев охрабруваше кршење на превентивните мерки.Потоа со лажни документи се обидуваа да го поткопаат процесот за набавка на вакцини, па откако сето тоа не им успеа продолжуваат со манипулации“ – се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски