СДСМ: Мицкоски најавената конструктивност да ја покаже во Собрание

Од:

Потребна е работа а за дебатирања има време. Граѓаните очекуваат работа и резултати. Наместо празни зборови, Христијан Мицкоски најавената конструктивност треба да ја покаже внтрае во Собранието се вели во реакцијата на СДСМ на денешниот повик од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Димитар Ковачевски да не дезертита од дуел за енергската криза.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите и деструкциите, да бидат усвоени Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени деривати и уште над 50 други законски решенија. Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, но и за стратешките интереси на земјата и поефикасно спроведување на преговорите за членство во ЕУ. Што се однесува до предлозите на Мицкоски за енергетиката тие досега се само обичен сублимат на изјавите на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски се вели во соопштенето од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка