СДСМ: Мицкоски на погрешна страна, блокира закони, ги оправдува сите што поддржуваат агресија врз Украина

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата. Блокираат закони важни за граѓаните, а ја блокираат и работата на собраниските комисии“, соопшти СДСМ.

„Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.

Една од нив, е и Уставниот суд, важна и независна институција која со месеци работи во нецелосен состав.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, очигледно не сакаат државата да има функционален независен судски систем.

После пресудите и признанијата во Титаник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и пречи на оваа опозициска партија.

Скандалозната изјава на Мицкоски во која ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина јасно покажа дека Мицкоски не е ништо друго освен остаток од мрачното, режимско минато кој брани криминал и насилство.

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски ги дели македонските граѓани.

Мицкоски не пропушта прилика да покаже дека работи против интересите на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар