СДСМ: Мицкоски мора да одговори што било договарано на средбата со Груевски?

Од:

„Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, што јавно, токму пионот Мицкоски ја потврди во телевизиско интервју.

Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за „неговата иднина“ и „личните моменти“?

Молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека антизападниот пион Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаеле или се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Никола Груевски.

Мицкоски должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период.

Надлежните институции мора да отворат истрага за бегството на криминалецот Груевски и сите соучесници мора да бидат пронајдени и санкционирани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски