СДСМ: Мицкоски молчи за договорите на Орце Ѓорѓиевски и 100.000 евра за партиски вработувања

Од:

„Христијан Мицкоски молчи за скандалозните договори на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој го крчми буџетот на општината на блиски луѓе, партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Во време на криза, кога општината се жали дека нема пари да плаќа струја и парното, Ѓорѓиевски ќе потроши 100.000 евра за вдомување на свои блиски луѓе.

Да не беше лицемер, Мицкоски ќе му кажеше на својот градоначалник парите кои ги наменил за партиски вработувања и непродуктивни трошоци да ги пренамени за потребите на граѓаните.

Мицкоски не може да се помири со тоа што мерките на Владата предводена од СДСМ вредни 400 милиони евра даваат резултати, додека неговите градоначалници кои се жалат на празни општински буџети се фрлени на расипништво и вдомување партиски кадри“, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски