СДСМ: Мицкоски, Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ го погазуваат Уставот и ја загрозуваат европската иднина на државата

Од:

„Со непочитување на уставното име на државата и тоа во државна институција, техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи директно го прекрши Уставот и го загрози Договорот од Преспа кој ја гарантира иднината на нашите деца.

Таквото однесување кон Договорот со Грција е директен атак врз членството во НАТО и во Европската Унија. Со потегот на Мизрахи ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат покажа дека е деструктивна партија со единствена цел меѓународно да ја изолира државата“, велат од СДСМ.

„Без почитување и без спроведување на Договорот од Преспа нема НАТО и нема ЕУ. Без НАТО и ЕУ државата нема прогресивна и европска иднина. Со игнорирањето на уставното име ВМРО- ДПМНЕ потврди дека е против договорот и дека упорно работи на проектот за изолирање и уназадување.

Потегот на Мизрахи, инициран од Мицкоски, по налог на азилантот од Будимпешта Груевски, е антидржавен и опасен за стратешките интереси на Република Северна Македонија.

Поткопувањето на Договорот од Преспа значи и поткопување на правната држава, на владеењето на правото, но и обнова на режимското криминално владеење.

Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?