СДСМ: Мицкоски, Марковски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ нанесуваат огромна штета врз здравствениот систем

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана и опасност за здравјето на граѓаните, послушникот на Христијан Мицкоски, Вело Марковски создава заблуда кај граѓаните во врска со опасноста од коронавирусот и истовремено ги поткопува сите напори за справување со кризата.

Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот и најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето“, велат од СДСМ.

„Според Марковски коронавирусот можеби и не постои, но посакува што повеќе граѓани да се разболат и смета дека нема потреба да се носи заштитна маска.

Со вакви и слични ставови Маркоски прави огромна здравствена штета во државата.

Од почеток на ковид кризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните не видоа ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“