СДСМ: Мицкоски конечно треба да преземе одговорност и да си даде оставка

Од:

„Христијан Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката. Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО, анти ЕУ политичари, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите“, соопшти СДСМ.

„Се што Мицкоски кажа – излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса.

Тој уште еднаш покажа дека нема став, дека е обичен калкулант желен за власт, а се покажа и дека Димитар Апасиев не е ништо друго освен обичен потрчко на Мицкоски.

Стана јасно дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто.

Христијан Мицкоски конечно треба да преземе одговорност и да си даде оставка.

Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари, кои ги лажат, немаат став за суштинските прашања, ниту идеја за иднината на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата