СДСМ: Мицкоски кој не пробал цреши фрла илјадници евра месечно за лајкови

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски кој јавно вели дека не пробал цреши, месечно троши илјадници евра за реклами на Фејсбук. Додека луѓето едвај врзуваат крај со крај поради огромните поскапувања, додека нема пари за поголема минимална плата и додека луѓе умираат бидејќи нема лекови Мицкоски фрла илјадници евра за лајкови.
Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, многу повеќе од минимална плата, тврдат од СДСМ.

„Тоа што Мицкоски ги убедува граѓаните дека им е доволно за цел месец го троши на Фејсбук за неколку дена. Каков безoбразлук, какво лицемерие. Да се фрлаат илјадници евра за реклми на Фејсбук покажува дека на оваа власт не и се важни граѓаните. За Мицкоски поважно е да фрла илјадници евра за лајкови, да се слика и да се снима, а за граѓаните баш му е гајле, нека се мачат како ќе го поминат месецот“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената