СДСМ: Мицкоски јавно излажа дека Словачка нема институции и прави се за да нема избори

Од:

„Исплашен од изборен пораз Христијан Мицкоски продолжува да се однесува крајно неодговорно и незрело.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ само за да не се соочат со волјата на граѓаните.

За Мицкоски, не значат ништо заклучоците од комисијата за заразни болести, ниту пак потврдниот одговор на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е подготвена да го набљудува одржувањето на вонредните парламентарни избори.

Мицкоски отиде до таму, што се дрзна свесно да ја лаже јавноста, кога ја посочи Словачка како земја без функционални институции во времена криза и која сепак ги одложила изборите“, велат од СДСМ.

„Оваа свесна лага на Мицкоски, ја покажа неговата несериозност, незрелост како политичар, но и потценувачкиот однос кон јавноста и граѓаните.

Словачка, која е земја членка на ЕУ и НАТО одржа парламентарни избори на 29 февруари годинава и има функционален парламент кој одржува сесии секојдневно.

Колку и да не сака, Мицкоски ќе мора набрзо да се соочи со казна на изборите.

СДСМ како одговорна партија, водена од интересите на граѓаните и државата, смета дека токму во овој момент, повеќе од кога било, потребни се функционални институции, активно Собрание, здрав целокупен систем за нов економски развој и пред се, за заштита на здравјето на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он