СДСМ до Мицкоски: Изјасни се, сакаш ли да влезеш во ЕУ и НАТО како Македонец или ќе останеш сам и изолиран?

Од:

„На шест денови до рефереднумот за иднината, Христијан Мицкоски не само што нема став за најважното прашање, туку упорно негира се што и носи добро на Македонија.

Мицкоски ги игнорира ЕУ и НАТО, не сака развој и не сака Македонија да оди напред.

Каде се видело лидер на најголема опозициона партија да не сака да си ја види државата успешна и напредна?

Референдумот на 30 септември е за интеграција во ЕУ и НАТО. Тоа го знаат сите и сите високи претставници на ЕУ и НАТО секојдневно упатуваат јасна порака дека прифаќањето на Договорот со Грција е услов за влез во ЕУ и НАТО и нема план Б.

Дека без прифаќање на Договорот влезот во ЕУ и НАТО нема да биде возможен во наредените години, можеби и децении. Секој политичар што го оспорува овој факт – лаже.

Јасно е дека Мицкоски нема план но Македонија има еден план, влез во ЕУ и НАТО.

Затоа Мицкоски треба да престане да внесува конфузија во јавноста и јасно да каже како ќе се изјасни на 30 септември,. Ако е толку слаб за да ја каже позицијата на партијата, треба да собере храброст и да ја соопшти барем сопствената одлука.

Мицкоски, Договорот го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет кој станува принзаен од целиот свет, вклучително и Грција и го расчитува патот за влез во ЕУ и НАТО.

Мицкоски изјасни се, сакаш ли да влезеш во ЕУ и НАТО како Македонец, со заштитен и гарантиран македонски идентитет, или ќе останеш сам и изолиран?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ