СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести и дезинформации

Од:

Лажните вести, конструираните случаи и дезинформациите остануваат единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести и дезинформации.

За лажирање на податоци Наум Стоилковски треба да се обрати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи додека кадри на оваа партија раководеа со ДЗС беше период на тешки лажирања и фабрикувања податоци во корист на криминалиот режим.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со позитивните резултати кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Од -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата порасна до +4.1% поради вистинските економски политики на СДСМ.

Од 9.000 денари просечна плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 14.500 благодарение на СДСМ односно 5.500 денари повеќе секој месец.

Тоа е реалноста. Затоа ВМРОД-ПМНЕ бара алиби во наводни извитоперувања на податоците, метод многу познат токму за ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Институциите ги демантираат нивните лажни вести, а јавноста веќе одамна не им верува на нивните лаги.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на 12 април ќе загубат на предвремените парламентарни избори. Граѓаните повторно ќе ја поразат нивната матрица на лажни вести и дезинформации и ќе потврдат дека државата, институциите се на прав пат.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница